Шалке 04 го победи Инголштад со 3:0 во „македонското дерби“ на германската Втора лига. За Шалке играше Дарко Чурлинов, додека во одбраната на Ингоштад е Висар Муслиу.
Двајцата македонски репрезентативци го одиграа целиот меч. Залазар, Тијао и Дреклсер беа стрелци во триумфот на Шалке.
Тимот од Гелзенкирхен останува во битка за влез во Бундеслигата, додека Инголштад е последен на табелата и има реалноо мали шанси за опстанок.