Шкендија успеа да стигне до победа од 2:1 над Тиквеш на натпреварот во Тетово со гол во судоското продолжение. Валмир Нафиу постигна погодок за тетовци во 90.минута. Претходно, Љупчо Дориев донесе водство за тетовци со голот во 21.минута, а израмни Александар Вареловски во 75.минута.
Академија Пандев со 1:0 ја победи Струга Трим Лум со погодокот на Николче Шаркоски во 12.минута од натпреварот.
Македонија ЃП и Скопје ремизираа, 1:1. Бујар Хајдари во третата минута ги изненади ѓорчепетровци, а израмни Арби Воша во 16. минута.
Брегалница со 3:0 го победи Борец. Бобан Георгиев во петтата минута донесе предност за штипскиот тим, Урош Дамњановиќ во 63.минута зголеми на 2:0, а Филип Миленковски го потврди триумфот во судиското продолжение.
Вчера, Шкупи славеше против Работнички со 2:0, а дуелот меѓу Ренова и Пелистер се игра утре.