Ова беше петти триумф во низа за „сините“ во англиската елита, за што најзаслужен беше Каи Хаверц со голот во 89. минута од средбата. Тоа беше голема борба на сите делови од теренот, за на крајот на слават домаќините, кои дојдоа до втор успех во неколкуте дена по сериозниот проблем во клубот кој настана по замрзнувањето на иметото на Роман Абрамович. Лондонци сега имаат 59 бодови, девет повеќе од Манчестер Јунајтед, кој згора на тоа има и меч повеќе.
Финишот беше таличен и за Лидс, чии фудбалери, конечно, ставија крај на низата од шест порази и тоа со победата во дуелот со Норич (2-1), која им донесе злато вредни бодови во битката за опстанок. Јунак беше Гелхарт со гол во 94. минута од средбата, откако претходно Меклин ги шокира домашните навивачи со изедначувачкиот погодок во 91. минута. Стрелец на првиот погодок за поранешниот тим на нашиот Алиоски беше Родриго во 14. минута.
Непријатен пораз претрпе Евртон на домашен терен против Волверхамптон (0-1) со што си ја продолжи агонијата за останување во Премиерлигата, додека Вотфорд како гостин го изненади Саутемптон (2-1), а Вест Хем беше подобар од Астон Вила (2-1).