Херта го раскина договорот со тренерот Тајфун Коркут по петтиoт последовен пораз во Бундеслигата. Коркут ја презеде функцијата во ноември, кога го наследи Пал Дардаи, но не успеа да направи резултатски пресврт за Херта, која по саботниот пораз од Борусија Менхенгладбах со 0:2 падна на 17. место на табелата со 23 бода.
Хрватскиот стратег Нико Ковач е прв кандидат за преземање на кормилото на Херта. Спортскиот директор на клубот Фреди Бобиќ сакал да го врати Ковач во клубот и во декември минатата година, кога беше тренер на Монако.
Нико Ковач изрази желба да се врати во германската лига каде ги предводеше предводеше Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен.