Американскиот актер награден со Оскар, Вилијам Харт, чии улоги се протегаат од фалени драми од 1980-ите до серијалот „Марвел“, почина на 71 година. Тој освои Оскар за најдобар актер во 1986 за „Бакнежот на жената-пајак“ и беше номиниран уште двапати. „Тој почина мирно, окружен од семејството, од природни причини, една недела пред својот 72. роденден“, изјави синот на Харт, Вил.
Харт ја почнал актерската кариера во театар во 1970-ите, а во Холивуд се проби со научно-фантастичниот хорор „Променети состојби“, за кој беше номиниран за златен глобус во 1981. Оскарот го освои за улогата на геј маж кој дели затворска ќелија со политички затвореник во „Бакнежот на жената-пајак“.
Во последните години беше познат по ликот на генералот Тадеус Тандерболт Рос, појавувајќи се во пет филма на „Марвел“.