Моќта на кучето“ ги освои двете главни награди – за најдобар филм и најдобра режија – на синоќешната церемонија на доделување признанија на Британската академија за филм (БАФТА), додека научнофантастичниот еп „Дина“ собра највеќе награди, главно во креативни категории.
Новозеландската режисерка Џејн Кемпион беше прогласена за најдобар режисер за „Моќта на кучето“, со што стана трета жена што ја добила наградата во седумдецениската историја на БАФТА наградите, познати како британски „оскари“.
Кемпион го заврши успешниот викенд за својот долгометражен филм, откако еден ден претходно во Беверли Хилс ги освои главните награди на Здружението на американски режисери.
Заснован на романот на Томас Севиџ од 1967 година, филмот кој е сместен на ранч во Монтана од 1920-тите години, го означува враќањето на режисерката оскаровка Кемпион во играните филмови на Bright Star.
„Дина“, мамутска адаптација на романот на Френк Херберт од 1965 година, имаше 11 номинации, главно во креативни и технички категории. Доби пет награди.
Отсутниот Вил Смит ја освои наградата за главен актер за улогата на таткото на тениските шампионки Венус и Серена Вилијамс во „Крал Ричард“, додека Џоана Сканлан ја освои наградата за најдобра главнат актерка за портретирањето на вдовицата која открива разорна тајна за нејзиниот покоен сопруг во After Love („По љубовта“).
Престижните филмски награди што ги доделува БАФТА (Британска академија за филмска и телевизиска уметност) го означија враќањето на церемонијата во живо со целосен капацитет. „БАФТА авордс“, уште една голема станица во сезоната на награди, се одржаа во лондонскиот „Ројал Алберт Хол“ во неделата (13 март).