Стримерите во војна на наддавање за животната приказна на Вил Смит

Вил Смит е предмет на жестока војна на наддавање меѓу стриминг-платформите за да го преточат неговиот живот во филм.

53-годишниот актер ги објави своите мемоари WILL минатата година, а сега би можел да заработи милиони од биографски филм. Некои медиуми објавија дека големите стриминг-платфоми се борат да ги добијат правата.

„Некои стравуваа дека бруталната искреност на Вил во неговата книга може да му наштети на неговиот углед. „Но, се случи спротивното, неговата искреност му помогна да се поврзе со својата публика како никогаш досега,“ пишува весникот „Сан“ цитирајќи извор близок до актерот.

„Кога го потпиша договорот за книга, тој имаше на ум и придружен биографски филм.“

„Сега сите стримери сакаат да ги добијат правата“.

„Книгата беше навистина успешна бидејќи ја раскажа неговата инспиративна, но понекогаш и навистина предизвикувачка приказна.“

„Со оглед на тоа дека ќе биде многу лично, тоа е чувствителна работа за Вил. Тој сака да се увери дека ќе биде направено на вистински начин, а не набрзина, без оглед на парите“.

Треба да знаете
Последни објави