Манчестер сити, и покрај теренската доминација со над 70 отсто посед на топката и многубројните шанси, мораше да се задоволи со само 0:0 реми на гостувањето кај Кристал палас, за да дозволи Ливерпул со евентуална победа над Арсенал во среда да се доближи на само еден поен до нив.
Сите обиди пред голот на тимот на Патрик Виеира на крајот се покажаа како залудни, а во исто време Палас беа опасни преку контранапад и можеа да ја казнат оваа игра на англискиот шампион.
„Нулата“ доаѓа по импресивната 4:1 победа во градското дерби против Манчестер јунајтед, а може да се покаже како клучна бидејќи со евентуална победа во меѓусебниот дуел, Ливерпул би можел да направи предност во борбата за титулата.