Американецот, Томи Пол го направи најголемото изненадување во второто коло од машкиот дел на турнирот во Индијан Велс, кај дамите настапот го заврши Ема Радукану.
Триесет и деветтиот тенисер на светот во меч што траеше 2 часа и 19 минута со 6:2, 4:6 и 7:6 славеше во соочувањето против третиот фаворит Александер Зверев.
Настапот во Индијан Велс заврши и деветтиот носител Феликс Оже Алиасим кој беше совладан од Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп. Во шпанскиот дуел квалификантот Хауме Мунар беше поуспешен од 16-от носител Пабло Карењо Буста.
Фаворитот број шест Матео Беретини го совлада Холгер Руне додека седмиот носител Андре Рубљов забележа во победа во мечот против Доминик Кепфер. Миомир Кецмановиќ славеше над Марин Чилиќ, а пласман во третото коло обезбедија уште Хуберт Хуркач, Диего Шварцман, Џон Изнер, Григор Димитров и Александер Бублик кој триумфираше над Енди Мареј.