Доли Партон ја одби номинацијата за Куќата на славните

Доли Партон се откажа од трката за да биде примена во Куќата на славните на рокенролот.

76-годишната икона се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека „со почит“ се повлекува од трката, бидејќи смета дека не го заслужила тоа право“.

Во објава на Инстаграм напиша: „Доли овде! Иако сум крајно поласкана и благодарна што сум номинирана за Куќата на славните на рокенролот, не чувствувам дека го заслужив тоа право. Навистина не сакам гласовите да се делат поради мене, затоа мора со почит да се повлечам.“

Таа им посака среќа на другите кандидати – меѓу кои се и Еминем, Лајонел Ричи, „Рејџ агеинст д’ машин“, Џудас Прист и Бек.

Треба да знаете
Последни објави