Драма во Париз: Крадци однеле злато вредно 60.000 евра од станот на Хансен

Легендарниот дански ракометар Микел Хансен чека операција на коленото, која долго време го мачи. Тој ќе биде опериран во Данска, по што ќе следи пауза од четири до шест недели. Така тој сигурно ќе го пропушти натпреварот помеѓу неговиот ПСЖ и Елверум во Лигата на шампионите, а ова му е последна шанса да ја освои титулата со парижаните, бидејќи следната сезона ќе се пресели во данскиот Алборг.

Сепак, мислите на Хансен моментално се далеку од ракометот и од операцијата на коленото. Неговото семејство доживеало многу непријатно искуство кога дрски крадци упаднале во нивниот стан во Париз и со себе однеле накит вреден околу 60.000 евра. Сопругата на ракометарот.

Сопругата на Хансен, Стефани Гунделах, била во станот кога крадците заѕвониле на вратата и се претставиле како мајстори. Тие и објасниле дека мора да поправат нешто и со нејзиното невнимание го „исчистиле“ сефот во станот. Кога си заминале, Стефани сфатила дека накитот го нема и била повикана полиција.

Инспекторите се обидуваат да им влезат во трага на крадците, а ова не е прв случај на напади врз спортисти во француската престолнина. Неодамна со нож беше нападнат соиграчот на Хансен, Елохим Пранди, а во последните неколку години крадците постојано го користат отсуството на играчите на ПСЖ за да ги ограбат.

Треба да знаете
Последни објави