Актерот Вил Смит инсистира на тоа дека никогаш немало неверство во неговиот брак.
Џејда Пинкет Смит, сопругата на ѕвездата на „Крал Ричард“, во 2020 година проговори за нејзината романса со пејачот Аугуст Алсина, но 53-годишниот Вил инсистира на тоа дека ништо што се случило во нивниот брак не било изненадување. „Никогаш немало неверство во нашиот брак. Јас и Џејда зборуваме за сè, и никогаш не сме се изненадиле еден со друг со ништо.“
Вил – кој има син Треј (29) од претходниот брак, и Џејден (23) и Вилоу (21) со Џејда – вели дека не му е грижа дали луѓето шпекулираат за неговиот брак и наместо тоа, тој ги охрабрува „муабетите“ со надеж дека ќе поттикне значајна дебата.„Решив дека муабетите за мојот живот може да бидат од корист за луѓето,“ рече тој во разговор со Гејл Кинг во емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-ес.