Гал Гадот ужива во квалитетно време со своите деца во кујна за старата традиција на правење специјални печива во пресрет на Пурим.
36-годишната актерка изгледа целосно во свој елемент додека го обликува тестото во хаманташ (или често се нарекува хаманташен) за еврејскиот празник, кој почнува в среда, а завршува в четврток.
Празникот е познат како радосна пригода за прославување на опстанокот на еврејскиот народ, како што е напишано во еврејскиот библиски пергамент на кралицата Естера. Приказната за Естера раскажува како еден кралев советник имал план да ги уништи Евреите. Кралицата Естера, по потекло Еврејка и втора жена на кралот Ахашверош, заедно со својот роднина успева да го разоткрие планот и да го спаси еврејскиот народ.
„Пурим е еден од моите омилени празници и правењето хаманташ со моите девојчиња е дефинитивно една од моите омилени работи“, напиша таа покрај фотографиите со ќерките.