Челси не може нормално да функцинира откако властите го сакнционираа Роман Абрамович и му го замрзнаа имотот поради блиските односи со Владимир Путин и војната во Украина.
Проблематични се гостувањата, особено што „сините“ утре имаат меч во Франција против Лил, за потоа во сабота да патуваат кај Мидлзбро.
Тренерот Томас Тухел рече дека има голема разлика дали ќе патуваат со авион или автобус, па новинарите го запрашаа Каи Хаверц што мисли за ситуацијата.
Мислам дека има многу потешки моменти, потешки работи во светот отколку тоа дали ќе патуваме со автобус или авион. Еве, ако треба, јас ќе платам, не е проблем, рече Германецот.
Во меѓувреме, медиумите шпекулираа дека утрешниот меч против Лил може да не се одигра поради санкциите на ЕУ кон Роман Абрамович, но од УЕФА порачаа дека натпреварот ќе се игра според планот.