Во кревет со жена ти: Пит Дејвидсон му се одмазди на Канје Вест на полош начин

Пит Дејвидсон конечно одговори на нападите на Канје Вест на социјалните мрежи насочени кон него и неговата девојка Ким Кардашијан во размена на текстуални пораки на Инстаграм-профилот на комичарот Дејв Сирус.

28-годишниот Пит, ѕвезда на вечерното шоу Saturday Night Live, кој и прертходно го користеше профилот на Дејв, побара од Канје да ја префрли својата јавна битка на друго место и да се сретне со него лице в лице наместо да споделува валкан веш на интернет.

Пит потоа откри дека тој всушност е во кревет со отуѓената сопруга на Канје, Ким (41), и сподели селфи со палецот нагоре покажувајќи го својот арсенал тетоважи.

„Во кревет сум со жена ти“, напиша Пит. Тој го нарече раперот опасен и му порача да порасне.

„Решив дека повеќе нема да ти дозволам да се однесуваш со нас на овој начин и завршив со молкот. Порасни, по ѓаволите!“

„Ким е буквално најдобрата мајка што сум ја запознал. Она што таа го прави за своите деца е неверојатно, а ти треба да бидеш среќен што таа е мајка на твоите деца“.

Треба да знаете
Последни објави