Семјуел Џексон највеќе сака да чита Ди-си стрипови

Легендата на филмскиот универзум на „Марвел“, Семјуел Л. Џексон, преферира да чита DC стрипови отколку Марвелови приказни.

73-годишниот актер го портретираше Ник Фјури во повеќе филмови на „Марвел“, но кога станува збор за читање авантури на суперхерои, тој секогаш се свртува кон DC, домот на Бетмен, Супермен, Аквамен, Вондервоман и други.

Тој призна: „Јас сум љубител на стрипови, па така одсекогаш читав стрипови. И за волја на вистината, не ги ни читам стриповите на „Марвел“. Кога открив дека сум Ник Фјури, само што се видов си помислив: што правам на оваа корица?“

Во подкастот Happy Sad Confused, запрашан дали некогаш би глумел во филм на „Ди-си комикс“, ѕвездата на Pulp Fiction („Евтини приказни“) рече дека не е сигурен затоа што не е голем обожавател на многу од филмовите на „Ди-си екстендид јуниверс“.

„Актерите се платеници. Тоа е она што го правиме. Глумиме за тие што треба да глумиме. Но, не знам дали некогаш ќе прочитам DC сценарио што ќе ме натера да одам, ‘да’, ова е наркотик,“ рече Џексон.

Треба да знаете
Последни објави