Манчини има една дилема во пресрет на мечот со Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на 24 март гостува кај Италија во Палермо за полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар годинава.

„Газета дело Спорт“ известува дека селекторот на Италија, Роберто Манчини има една дилема во поглед на изборот на составот за мечот со Македонија, а тоа е кого да одбере помеѓу Марио Балотели и Жоао Педро.

Манчини претстојниов петок ќе го објави конечниот избор во поглед на составот на „Аѕурите“, а барем засега единствена дилема му е изборот на напаѓачите, Балотели последен пат запиша настап за националниот состав на Италија во 2018 година, а Педро се уште нема ниту еден настап.

Обајцата беа дал од списокот на Манчини во јануари, меѓутоа „Газета дело Спорт“ наведе дека тешко е дека истото сценарио би се повторило и во плејофот.

Треба да знаете
Последни објави