Селекторот на фудбалската репрезентацијана Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за историскиот дуел со Италија во баражот за Мундијалот.
Милевски истакна дека ќе ги мотивира фудбалерите да уживаат во мечот во Палермо и ќе се обидат да ја играат својата игра, а нема да се бранат против европскиот шампион.
„Ова е еден натпревар, ќе барам од фудбалерите да уживаат и да покажат дека не сме случајно тука. Италија има проблеми со повреди, но јас сум сконцентриран како ние да го извлечеме максимумот од нашите фудбалери. Италија е селекција која на секоја позиција има по 4 5 одлични фудбалеи. Доволно зборува тоа што се актуелен европски шампион, одиграа и добро квалифкации. Секој тим има свои недостатоци сега на противникот е дали ќе ги искористи тие недостатоци. Овој тим на Македонија не знае да се подреди само во дефанзива и да биде пасивен.Тоа го покажавме на претходните натпревари. Нашата филозофија е ние да играме на теренот, но играме против една од топ 5 селекции во светот и прашање е колку тие ќе ни дозволат“, изјави Милевски
„Јаховиќ е под знак прашалник има проблеми со тетивата, ќе знаеме денес. Ако не биде во можност ќе повикаме друг фудбалер. Несторовски не е во натпреваручки ритам.Несторовски за жал одигра само 13 минути во оваа година. Не значи дека нема да биде во плановите за понатаму. Адеми се чувствува добро и мислам дека ќе тренира нормално“, откри селекторот.
„Во денешниот фудбал нема аутсајдер и однапред добиени натпревари во секој меч мора да дадете се од себе за да стигнете до посакуваниот резултат. На нашиот противник останува дали ќе не потцени. Моите момци покажаа многу пати дека можат да направат големи нешта сите се спремни и расположени да покажат дека вредат. Македонија покажа квалитет и треба да биде респектирана од секого. Одигравме 10 натпревари и не може да сме случајно тука. Посебно на крајот од квалификациите покажавме дека на никој нема да му биде лесно против нас“, заклучи Милевски.