Веселин Вујовиќ го договрил неговиот следен ангажман кој ќе биде прв по отказот во Вардар.
Во интервју за српски „Спорт Клуб“ Вујовиќ потврди дека од април ќе биде селектор на репрезентацијата на Иран.
„Постигнавме договор, од април ќе бидам селектор на Иран“, изјавил Вујовиќ.
Пред неколку недели Вујовиќ се поврзуваше со клупата на женскиот тим на Подравка, но на крајот двете страни не постигнаа договор.