Премиерлигашот Лестер се пласираше во четврт-финалето на Конференциската Лига Европа на УЕФА и покрај тоа што загуби со 2:1 на гостувањето кај Рен, во меч во кој францускиот тим сметаше дека е оштетен поради два недосудени пенали по игра со рака во гостинскиот шестнаетник.
„Лисиците“ дојдоа на гостувањето со 2:0 предност од првиот меч, но Рен бргу стигна до водство преку Бенжамин Бурижо уште во осмата минута од мечот. Весли Фофана израмни во 51. минута, пред Флавијан Тет пак да ги донесе Рен во водство во 76. минута пред контроверзниот финиш на мечот.
Олимпик Марсеј исто така е во четврт-финалето по новата 2:1 победа над Базел, како и ПСВ Ајндховен, кои по домашните 4:4 со Копенхаген на гости триумфираа со високи 4:0.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Базел – Олимпик Марсеј 1:2, прв меч 1:2, вкупно 2:4
Копенхаген – ПСВ Ајндховен 0:4, прв меч 4:4, вкупно 4:8
Рен – Лестер 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3