Ерлинг Халанд од следното лето најверојатно ќе игра во дресот на Манчестер сити. Шпекулациите се дека тој веќе го договорил трансферот и сите детали околу личните услови.
Новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк вели дека челниците на клубот веќе знаат дека голгетерот си заминува. Сити ќе ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра што Халанд ја има во договорот со бундеслигашот. Наводно тој ќе добива неверојатна плата од 500.000 фунти неделно во таборот на „граѓаните“.
Огромен интерес за Норвежанецот имаше и од Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, но фудбалерот се одлучил да игра за Пеп Гвардиола во следните пет сезони.