Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Вашингтон визардс со 127:109, со уште една одлична игра на Никола Јокиќ, кој ја мина границата од 10.000+ поени во НБА лигата.
Најкорисниот играч (МВП) е во елитното друштво бидејќи е втор најбрз кошаркар во историјата кој дојде до 10.000 поени, 5.000 скокови и 3.000 асистенции во кариерата, а за таков учинок му беа потребни 516 натпревари, само еден повеќе од Лери Бирд. Србинот го помина Оскар Робертсон на кој му беа потребни 525 натпревари.
Српскиот центар за 26 минути игра во главниот град на САД постигна 29 поени (10/14 од игра, 2/2 за три, 7/7 слободни фрлања), 13 скока и осум асистенции.
На спротивната страна најрасположен беше израелскиот интернационалец Дени Авдија со 19 поени и седум скокови.
Далас Маверикс со пресврт го доби дербито против Бруклин Нетс (111-113) најмногу благодарение на одличниот Лука Дончиќ. Словенецот уфрли 37 поени и собра девет скока и исто толку асистенции на оваа средба. Гостите го искористија отсуството на Кајри Ирвинг и направија кам-бек во последната четвртина, во која анулираа двоцифрена разлика и на крај се израдуваа на победата.
Ново разочарување за фановите приреди Лос Анџелес Лејкерс кој загуби кај Минесота (124-104). Славната франшиза одигра очајно прво полувреме од кое немаше назад. Леброн Џејмс заврши со само 19 поени и се надоврза на лошата вечер на „езерџиите“ во Минеаполис.