Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора и легендарен ас од поранешните југословенски простори, Дејан Савичевиќ, се наоѓа во големи проблеми, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Фудбалскиот судија Миле Шчепановиќ поднел казнена пријава против Дејан Савичевиќ и претседателот на судиската комисија Радојица Крушчиќ за кривично дело фалсификување на исправи.
Исто така на 3. февруари годинава е поднесена и анонимна пријава против Савичевиќ за сомневање за казнено дело затајување данок. Се уште трае постапката и во двата предмета и се собираат докази, изјави државниот обвинител, Вукаш Радоњиќ.
Според Кривичниот закон на Црна Гора, за фалсификување исправи обвинетиот може да добие добие и до три години затвор. Заз затајување данок затворската казна е од една до осум години.