Поранешниот италијански и европски првак Милан продолжи да чекори кон првата шампионска титула после една деценија, после денешната победа на Сардинија против Калјари со минимални 1-0, доволни за трета победа во низа и повторно три бода повеќе од Наполи, а веќе шест од актуелниот првак Интер, кој е во голема резултатска криза.
Алжирецот Исмаел Бенасер со мајсторија и волеј после додавање на Оливие Жиру ја расплака Сардинија, погодувајќи од 20 метри после еден час игра и буквално голманот на Калјари не го остави да изреагира после фантастичниот шут вреден три бода за „росонерите“.
Кајлари во завршницата имаше шанса да се избори за бод, но ударот на Леонардо Паволети со глава наместо во мрежата заврши во пречката
Милан со триумфот, кој е 20-ти во 30-то коло во Серија А сега има 66 бода, Наполи е на 63 откако наполитанците денеска со пресврт го победија Удинезе со 2-1, а Интер е на 60 бода по ремито со Фиорентина (1-1), но „нераѕурите“ имаат и еден заостанат меч.
Калјари по 15-от пораз, трет во низа, сега остана на 25 бода и прв над црвената зона за испаѓање, три бода пред Венеција, која има и два меча помалку односно Џенова.
🎥 | Bennacer’s goal against Cagliari pic.twitter.com/Ia3yGr6rJI
— Milan Eye (@MilanEye) March 19, 2022



