Два гола на Осимен за пресврт на Наполи и труимф над Удинезе

Фудбалерите на Наполи успеа да го потврдат статусот на фаворити и славеа над Удинезе со 2-1 во првата денешна средба во Серија А.

Домаќините мораа да прават пресврт за да дојде до посакуваните три бода, но она што е најважно на крајот ја оставарија целта и ја продолжуваат борбата за Скудетото. Гостите од Удине го добија првиот дел благодарение на Деулофеу кој ги шокираше наполитанците во 22 минута.

Избраниците на Лучијано Спалети проработеа по паузата, а во фокусот исто како минатата седмица беше Виктор Осимен. Нигериецот против Верона даде два гола, па во тој ритам продолжи денеска каде прво во 52 минута го израмни резултатот за да во 63 целосно го сврте во полза на домаќините.

Кога се во прашање нашите интернационалци, Елиф Елмас влезе во самата завршница на мечот, додека Илија Несторовски повторно не доби шанса.

Наполитанците со 63 бода се на делба на првото место на табелата со Милан кој вечерва му гостува на Калјари.

Треба да знаете
Последни објави