Шарлс Леклер ќе стартува од пол позицијата на првата трка во Ф1 шампионатот, откако возачот на Ферари имаше најбрзо време во квалификациите за Голема награда на Бахреин. За Леклер ова е јубилејна 10-та пол позиција во кариерата.
Како што се очекуваше пред стартот на квалификациите, ова беше борба меѓу болидите на Ферари и Ред Бул, па на крајот, првите четири позиции ги зафатија возачите на овие два тима.
Зад Лекпер е актуелниот првак Макс Верстапен, а на третото место е Карлос Сајнц од Ферари додека четврти ќе биде Серхио Перес од Ред Бул. Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон заврши на петото место во квалификациите.
Неговиот нов клупски колега, Џорџ Расел, го освои само деветтото место.Валтери Ботас забележа одличен почеток со новиот тим (Алфа Ромео), а задоволен може да биде и Кевин Магнусен кој му донесе седмо место на болидот на Хас.
1. Леклер
2. Ферстапен
3. Саинц
4. Перез
5. Хамилтон
6. Ботас
7. Магнусен
8. Алонсо
9. Расел
10. Гасли



