Леклер кој ја имаше пол-позицијата во интересната и изедначена трка, која во завршните десет круга стана исклучително возбудлива успеа да дојде до првата сезонска победа, успеваше да држи дистанца од светскиот првак Ферстапен, кој сѐ до три круга пред крајот имаше второ место на трката, но Сајнц го претекна, а потоа болидот на „летечкиот Холанѓанец“ откажа и тој ја заврши трката паркирајќи се во боксот.
Луис Хамилтон на круг пред крајот дојде до трето место, откако голем пех доживеа и вториот болид на Ред Бул, па Серхио Перез среде патека се изврте и седумкратниот шампион успеа да дојде до победничкиот подиум.
Четврти заврши Расел, клупскиот колега на Хамилтон во мерцедес, а петти заврши Магнусен со Хас, додека шести Валтери Ботас.