Хаос во Индонезија: Гром удри на патеката, шаман ги растеруваше облаците, страотен пад на Маркез, победи Оливеира

Португалецот Мигуел Оливеира најдобро се снајде на влажната патека за да триумфира на Индонезиското ГП на патеката Мандалика.
На патеката во Индонезија имаше големо невреме и беа видени сцени кои долго ќе се паметат.

Пред самиот почеток на трката имаше обилни дождови, а во еден момент и гром удри на патеката на која за среќа немаше никој па беше избегнат поголем инцидент.

Трката поради временските неприлики беше одложена за еден час, а организаторите на истата дождот и облаците се обидоа да ги растераат така што ангажираа Шаман кој со помош на свој ритуал би допринел за побрзо одржување на трката. Интересно е тоа што, откако Шаманот си ја заврши работата, времето се поправи, па трката започна.

Возачот на КТМ победи, а на неа не настапи Марк Маркез кој на утринскиот тренинг имаше пад на кој доживеа мозочен удар.

Второто место му припадна на актуелниот шампион Фабио Квартараро на Јамаха, додека подиумот го надополни Жоан Зарко на Прамак Дукати.

 

Треба да знаете
Последни објави