Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, минатата недела предизвика негативна реакција во Македнија поради тоа што не даде интервју на македонски јазик кога тоа од него го побара новинарот на Спорт Клуб телевизијата.
Дејан како тинејџер играше за јуниорската селекција на Македонија, но подоцна реши дека сака да игра за сениорската репрезентација Шведска. Сега е еден од носителите на играта во шведската репрезентација и еден од главните играчи во лондонскиот Тотенхем. Кулушевски вели дека ја сака Македонија и дека секое лето доаѓа во посета на земјата на неговите родители.
„За мене и моето семејство, Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш не треба да заборавиме од каде доаѓаме. Секое лето одам во Македонија и многу ми се допаѓа. Секогаш сум велел дека најдобро би било да можев да играм и за Шведска и за Македонија. Но, кога морав да бирам, ја одбрав Шведска затоа што јас сум тука роден“, рече Кулушевски во интервју за Гардијан.
Мајката на Дејан, Катица е родена во Македонија и семејството Кулушевски често ја посетува нашата земја. Интервјуто на кое Дејан одби да зборува на македонски јазик може да го погледнете ТУКА.