Воска денеска победи во охридското дерби со Охрис со пенал во 87-та минута за да остане на плус пет пред Вардар на седум кола до крајот, а не е првпат судиите да ѝ помогнат, откако и на претходната дерби средба на охридското крајбрежје свирнаа пенал и тоа во 95-та минута.
Црвено-црните реагираат денеска за фаворизирањето на ривалот за баражот, па до Сејдини сипратија прашање дали однапред е решена сезоната и дали треба Вардар да истапи од лигата?
Предмалку Комити жестоко реагираа за судиската лакрдија, а сега и вардарци и целата реакција со снимките за пеналот на Воска ви го пренесуваме во целост.
„Дали има поента да се доигра оваа сезона?
По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата.
ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини (@www.ffm.mk) и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата?
Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“, се вели во реакцијата на Вардар.