Дибала си оди од Јувентус поради Влаховиќ

Паоло Дибала одбил да го продолжи договорот со Јувентус. Медиумите во Италија, обајавија дека Аргентинецот не бил задоволен од понудените услови.

Дибала, неговиот менаџер Хорге Антун и претставникот на Јувентус, Павел Недвед, претпладнево во клупскиот тренинг-центар одржале состанок. Дибала го известил Недвед дека не ги прифаќа понудените услови.

Клубот му понудил три и полгодишен договор и фиксна плата од 7.000.000 евра, плус бонуси во износ од 3.000.000 евра. Дибала бил лут, бидејќи оваа понуда е полоша од онаа што ја одбил во октомври минатата година.
Тогаш клубот му понудил договор на четири и пол години, фиксна плата од 8.000.000 евра и бонуси во износ од 2.000.000 евра.

Медиумите во Италија, тврдат дека Дибала веќе одбил неколку клубови кои му понудиле повеќе од она што би го добил во Торино.

Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене разјасни што точно се случувало.

– Пристигнувањето на Влаховиќ значеше и промена на целиот проект на клубот, Пауло веќе не се наоѓаше на централната позиција.Тоа делумно значеше и промени во однос на статусот на Дибала, па денеска не го продолживме договорот.
Денешната средбата беше мирна и коректна. Лесно беше ние да го намалиме финансискиот дел од понудата, но тоа ќе беше нечесно кон Пауло. Никој не го спори неговиот квалитет и фудбалски вештини, но ние размислувавме и за должината на договорот и финансиските импликации, па моравме да донесеме одлука. Одлуката е донесена откако за неа размислувавме долго. Она што сакам да го порачам е дека менаџментот на Јувентус носи одлуки во корист на Јувентус, а не против клубот, изјавил Аривабене.

Паоло Дибала, пред седум години, за сума од 42.000.000 евра од Палермо пристигна во Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави