Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, објави дека во наредните четири до шест недели ќе мора да пауза бидејќи му напукнало ребро и со тоа доведен во прашање му е настапот на Ролан Гарос.
Надал во неделата во финалето на мастерсот во Индијан Велс го доживеа првиот пораз годинава, а за време на дуелот со Тејлор Фриц два пати побара медицински тајм-аут. Подоцна, Шпанецот откри дека имал проблеми со дишењето.
-По враќањето во Шпанија веднаш заминав на лекар поради проблемите кои ги имав за време на финалето на Индијан Велс. На прегледите е откриено дека имам напукнато ребро поради што ќе морам да паузирам од четири до шест недели. Ова не е добра вест за мене, тажен сум бидејќи имав одличен почеток на годината. Иако следува важен дел од сезоната со турнири на земја, ќе мора да бидам трпелив, да мислам на рехабилитацијата – изјави Надал.
Засега сигурно е дека Надал ќе го пропушти мастерсот во Монте Карло и турнирот во Барселона, а неизвесно е учеството на мастерсите во Рим и Мадрид кои се играат во мај, како и настапот на вториот годинешен грен слем турнир, Ролан Гарос.
Hola todos, quería anunciaros que he vuelto a España y fui enseguida a visitar a mi equipo médico para hacerme las pruebas tras la final de Indian Wells que jugué con molestias.
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) March 22, 2022