Хансен во „аут“ шест месеци- добил запаление на вена и белодробна емболија

Данскиот ракометар Микел Хансен (34), еден од најдобрите играчи во светот, ја заврши сезоната во ПСЖ откако заболел од воспалена вена во комбинација со белодробна емболија, објави денеска парискиот клуб.

Хансен минатата недела бил опериран во Данска поради проблеми со ‘рскавицата на коленото, но „при враќањето во Франција добил флебитис на долниот екстремитет, заедно со белодробна емболија“, објаснија од клубот, потенцирајќи дека играчот е „надвор од животна опасност“.

Хансен ќе биде надвор од теренот 4 до 6 месеци бидејќи болеста ќе се лекува со антикоагуланси кои „не се компатибилни со контактни спортови на високо ниво“, се вели во соопштението.

Еден од најдобрите дански играчи на сите времиња во својата богата кариера има освоено олимписко и европско злато и два светски златни медали, а рекордни три пати беше прогласен за најдобар ракометар во светот.

Треба да знаете
Последни објави