Брозовиќ му останува верен на Интер и во следните четири години

По долги преговори италијанскиот шампион денеска конечно соопшти дека хрватскиот репрезентативец го продолжил договорот потпишувајќи нов со трајност до 2026 година.

Со месеци наназад потписот висеше во воздух, сите беа сигирни дека новиот договор е реалност, но никако не се доаѓаше до официјализација. Денеска сето тоа се оствари и тимот на Симоне Инѕаги реши еден голем проблем со оглед на тоа што Марцело Брозовиќ е еден од клучните играчи на „Нераѕурите“.

Според новиот договор Хрватот ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси кои се врзани согласно со личните остварувања, како и оние на тимот.

„Интернационале Милано соопштува дека е постигнат договор за продолжение на договорот на играчот Марцело Брозовиќ: играчот од средниот ред роден 1992 година ќе биде црносин до 30 јуни 2026 година“, објави миланскиот клуб.

Брозовиќ е во Интер од јануари 2015 година кога пристигна од загрепски Динамо. Оттогаш е незаменлив во средниот ред играјќи вкупно 279 натпревари и постигнувајќи 25 голови до овој момент. Во ноември ќе наполни 30 години.

Треба да знаете
Последни објави