Ветеранот целата своја кариера со исклучот на една сезона во Галатасарај ја мина во Италија играјќи за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Џенова и сега Парма.
„Ова е натпревар што сигурно никогаш не го посакував, особено во полуфиналето од баражот“, вели Пандев за „Кориере дела Сера“. „Македонија мене ми сè, но Италија ми даде исто така сè. Тоа е земјата во која се родени моите деца. Играњето против европскиот шампион секако дека не е идеално за нас. Италија, како Португалија и Турција, е фаворит. Но, исто така важно е да се каже дека и целиот притисок е врз нив“, вели македонскиот ас.
Пандев вели дека како и останатите земји, така и Македонија има балкански менталитет. Може да ги победи најдобрите, а да загуби од најслабите.
„Ние сме многу мотивирани. Ова е балканскиот менталитет, ние можеме да победиме една Германија, бидејќи сите се мотивирани и сакаат да се докажат, но потоа можеме да загубиме и од Андора“, истакнува Пандев, кој уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во националниот тим.
Голем хендикеп за Македонија е фактот што нема да настапи Елиф Елмас на утрешниот натпревар на стадионот „Ренцо Барбера“.
„Неговата суспензија е предност за Италија, бидејќи тој е клучен играч во нашиот тим, дефинитивно најдобриот и може да им направи сериозни проблеми на ‘аѕурите’. Италија има многу квалитет и може да си дозволи да не го повика еден Балотели“, анализира Пандев.
„Го направивме народот среќен, а тоа е многу важно, бидејќи земјата има доста проблеми. Утре моите поранешни соиграчи ќе го дадат максимумот“.
Фудбалерот на Парма даде и кратко мислење за селекторот Благоја Милевски, но воедно го испофали и поранешниот предводник Игор Ангеловски.
„Милевски беше на чело на репрезентацијата до 21 година што играше на Европско првенство и многу играчи донесе во сениорскиот состав. Тој ја промени одбраната, која сега игра со четворица во линија. Му посакувам успех, но не е лесно да го повтори успехот на Ангеловски. Кога ми кажа дека треба да се вратам во националниот тим, бидејќи ќе одиме на Европско првенство го прашав дали се шегува со мене. Ми гарантираше дека работите ќе се променат и навистина го направи тоа. Донесе сериозност во националниот тим, професионалност, тој ги повикуваше сите кои заслужуваат да играат за Македонија. Претходно тоа не беше случај, изборот на играчи го диктираа директори и менаџери“, додава Пандев.