Претседателот Стево Пендаровски ја честиташе победата на македонската репрезентација во дуелот против Италија.
„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“, напиша Пендаровски.