Македонската У-21 репрезентација загуби на гости кај Србија

Македонската репрезентација до 21 година загуби со 2:1 на гостувањето кај Србија во квалификациите за Европското првенство во 2023 година.

Србите бргу дојдоа до водство, кога во деветтата минута од мечот по лошата реакција на нашата одбрана, Милош Пантовиќ ги донесе Србите во водство. До крајот на полувремето, Србите имаа повеќе шанси, а голмаот Денковски со убави реакции го сочува нашиот гол.

Србија поведе со 2:0 со голот на замената Немања Јовиќ во 82. минута, пред момците на селекторот Драган Канатларовски да се вратат во игра со убавиот гол на Јован Димоски само една минута подоцна.

Македонија останува на четвртото место на табелата со 6 освоени поени по седум меча, додека Србите сега се трети со 8 поени, зад Франција со 16 и Украина со 13 поени.

Фото: Спортклуб.рс

Треба да знаете
Последни објави