Турција исфрлена, Португалија против Македонија ќе брка виза за Катар!

Поранешниот европски првак Португалија (Еуро 2016) нѐ чека во Порто на 29 март од 20.45 часот во финалсната пресметка за мундијалската виза, откако „европските Бразилци“ вечерва победија со 3-1 против Турција во второто полуфинале од нашиот фајнлфор-плејоф.

Турција имаше пенал за барем продолженија, но Бурак Јилмаз промаши на седум минути пред крајот при водство на Португалија од 2-1, па Нуњо Мендеш, кога сѐ беше јасно во 94-та минута стави печат на мечот со третиот гол за потврда на победата.

Отавио и Диего Жота во првиот дел го најавија финалето, Јилмаз на средина од вториот дел ја врати Турција во мечот, а потоа промаши пенал.

Треба да знаете
Последни објави