Hyundai Tucson aвтомобил на годината во Македонија за 2022 година

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 27. пат го организира Изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија.

Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишно искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања. Победникот ја добива наградата – стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, што се доделува од самиот почеток на Изборот.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2022 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

 BMW iX

Dacia Sandero

Honda Jazz

Hyundai Tucson

Kia Sorento

Opel Mokka

Toyota Yaris Cross

Volkswagen ID.3 

  • Секој од членовите на жирито има право на еден глас.
  • Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел
  • Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите.

Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2022, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот

  • HYUNDAI TUCSON

 Образложение: Четвртата генерација на Tucson прави значаен технолошки исчекор во однос на својот претходник. Новата платформа овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но што е многу позначајно, таа може успешно да одговори на еколошките барања поради можноста за вградување на електрифицирани погонски единици. Уште еден од важните предуслови кои одат во прилог на победникот е извонредниот ценовен однос на квалитетот и опременоста спрема вложените средства.

При изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2022“ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар

– економичност и еколошка прифатливост

– безбедност и примена на технолошки достигнувања

– возни својства

– дизајн

– комфор и опременост

ВО ГЛАСАЊЕТО – Моделот Hyundai Tucson доби три (3) гласа а два (2) гласа беа доделени на Toyota Yaris Cross.

Според Правилникот за Избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.

Гласовите на Жирито – по два гласа беа доделени на моделите Hyundai Tucson и Toyota Yaris Cross.

Горан Антевски (www.24auto.mk) – HYUNDAI TUCSON

Агрон Сулејман (www.autoinfo.mk) – TOYOTA YARIS CROSS

Зоран Коцев (www.turbo1.mk) – HYUNDAI TUCSON

Владимир Ристовиќ (www.avtoklub.mk) – TOYOTA YARIS CROSS

Гласот на публиката – Годинава во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 4.315 гласа поделени на осумте финалисти.
Моделот HYUNDAI TUCSON доби најмногу гласови – 941, со што доби ЕДЕН (1) ГЛАС.

 Гласот од финалистите годинава ниту еден од моделите финалисти не доби доволен број гласови, и затоа овој глас нема да се смета 

ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)

Националното Жири реши и годинава да го додели Признанието EV на годината, што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

  • Признанието EV на годината го доби моделот VOLKSWAGEN ID.3

Образложение: Со ID.3, Volkswagen претендира да понуди народен автомобил со нулта емисија на штетни гасови кој ќе биде достапен за широките народни маси. Во современи услови тоа значи дека тој треба да вози на струја, да е практичен, лесен за одржување, и по можност да има заден погон.

ПРИЗНАНИЕ  „Томислав Биљарац“

Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по петти  пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2022 година да биде доделена на

* ЗОРАН МАРКОВСКИ

 Досегашни носители на признанието „Томислав Биљарац“

2018 – Владимир Воиновски

2019 – Стерули Бураку

2020 – Славка Каленикова

2021 – Вилјем Хорват

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:

 

1996 Fiat Bravo/Brava                                  2012 Кia Rio
1997 Renault Megane                                   2013 Seat Leon
1998 Opel Astra 1998                                   2014 Skoda Octavia
1999 Skoda Octavia                                      2015 Ford Mondeo
2000 Fiat Punto                                             2016 Skoda Superb
2001 Seat Leon                                             2017 Kia Sportage
2002 Toyota Corolla                                      2018 Dacia Duster

2003 Mazda 6                                                           2019 Ford Focus
2004 Mazda 3                                                            2020 Opel Corsa
2005 Seat Altea                                               2021 Citroen C4
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35

Треба да знаете
Последни објави