Италија е домаќин на Македонија во полуфиналниот бараж за СП, а двајцата селектори за овој натпревар решија да не прават преголеми експерименти.
Домаќинот, Италија предводен од Манчини од првата минута ќе истрча со Домарума, Флоренци, Бастони, Манчини и Емерсон во одбраната, во редот за врска се Жоржињо, Барела и Верати а во нападот Инсиње, Берарди и Имобиле.
За Македонија, Благоја Милевски го користи искуството и не менува ништо од досегашната стратегија. Ќе брани Димитриевски, во одбраната се Стефан Ристовски, Алиоски, Муслиу и Велковски. Во средниот ред Адеми, Николов и Барди, додека во нападот Трајковски, Чурлинов и Милан Ристовски.