Поради Ковид протоколите: Само неколку фудбалери добија овации од илјадници луѓе на плоштадот „Македонија“

Плоштадот „Македонија“ вечерва беше преполн- илјадници луѓе се собраа да ги пречекаат македонските фудбалери, кои попладнево пристигнаа од Италија по историската победа во Палермо.

Поради строгите Ковид правила од УЕФА, само неколкумина фудбалери дојдоа да ги поздрават навивачите кои ги чекаат на плоштадот во центарот на Скопје.

„Заради Ковид протоколи од УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ќе ги поздрават присутните на плоштадот. Мора да се придржуваме до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат, а овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи“, известија од ФФМ.

Стефан Ристовски, капитенот на македонската репрезентација во името на сите останати им се заблагодари на фановите кои дојдоа во центарот на Скопје. Тука бепе и селекторот, Боби Милевски и стрелецот на голот, Александар Трајковски.

Македонија во вторник игра против Португалија, последен меч за место на Мундијалот во Катар.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави