Адеми: Домашните навивачи ни аплаудираа, нема поголемо признание!

Репрезентацијата на Северна Македонија сензационално го совлада актуелниот европски првак, репрезентацијата на Италија, во полуфиналето од плеј-офот за Светското првенство во 2022 година.

За нашите до 58. минута играше капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој за хрватските медиуми изјави дека „не верува што направил со соиграчите во Палермо“.

– Синоќа докажавме дека невозможното во фудбалот не постои. Кога имаш таква енергија каква што имавме ние, желба, волја тогаш можеш да го надополниш недостатокот на квалитет во однос на Италија. Се разбира, и гладот ​​за победа. И тоа не красеше против Германија, Италија и се надеваме Португалија во вторник, изјави Адеми.

– Реално, одработив само два целосни тренинзи на Максимир и отидов со репрезентацијата. Но, не размислувате премногу за тоа во тие моменти. Одиш во крајности затоа што знаеш за што играш, рече тој.

Актуелните европски шампиони вторпат по ред останаа без настап на Мундијалот откако во 2018 година не беа во Русија.

– Го напуштавме теренот и локалните навивачи ни аплаудираа. Мислам дека нема поголемо признание од тоа, рече Адеми.

Адеми е свесен дека треба да мине уште еден голем чекор за Катар, а тоа е Португалија.

– Свесни сме за нашиот став дека немаме што да загубиме бидејќи цел свет мисли дека Португалија е веќе на Мундијалот и можеме многу да добиеме. Ќе треба да одиграме уште еден ваков натпревар во кој ќе одиме глава во глава, малку среќа па што биде, нека биде, заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави