Ангеловски пред една година ја суреди Германија, Милевски вечерва го клекна на колена европскиот првак Италија, па остана само уште финалната пресметка со екс-европскиот шампион Португалија за да се оствари сонот за прв историски настап и на еден Мундијал, после ланското деби на големата сцена на Еуро 2020.
„Момци Ви честитам од срце на победата со Италија, актуелниот Европски шампион. Уште еден чекор до Светското Првенство во Катар“, објави Ангеловски.