Португалците исто како и Македонија го сонуваат сонот за настап на Мундијалот во Катар, а за мечот на 29 март што ќе одлучи која од двете селекции ќе игра на Светското првенство има огромен интерес и долги редици пред „Драгао“ во Порто за да се купат драгоцени влезници.
Капацитетот на стадионот е 50 илјади и се очекува да биде полн, па Македонија повторно ќе игра во фантастичен амбиент, како што беше и вчера на „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Ја победивме Италија со 1:0 и сега ќе ни треба уште еден голем подвиг и триумф против Португалија за учество на прво Светско првенство во нашата фудбалска историја.