Ристовски посочи дека со верба во себе без оглед на огромниот квалитет на Италијанците, Македонија успеала да победи, а на ист начин ќе се соочат и со Португалците, кои имаат еднакво извонредни фудбалери како и актуелните европски прваци.
„Уште сме во позитивен шок, во еден момент сме свесни, во еден момент не за тоа што направивме вчера. Ова е еден неверојатен резултат! Среќни сме што успеавме да поминеме една таква репрезентација како Италија. Сега не ни останува ништо освен да продолжиме по овој пат. Знаевме против кого играме, со каков состав се соочуваме, стварно Италија поседува голем квалитет, но верувавме во себе од прва до последна минута, дадовме сѐ од себе на мечот и на крај фала му на Господ – нѐ награди!“, вели Ристовски.
Македонија е на чекор до СП и само уште еден меч ја дели оваа генерација до остварување на нов сон, настап на еден Мундијал, откако ланското лето првпат игравме на Европско првенство.
„На 90 минути сме од меч кој не носи на најголемото натпреварување на светот. Сами се доведовме во ваква ситуација и сега не ни преостанува нпто друго, освен пак да дадеме сѐ од себе, да веруваме во себе како до сега и искрено верувам и се надевам на позитивен резултат. Видовме дека можеме, Италија има исти тип на играчи како Португалија, големи ѕвезди се тоа…Само верба во себе и се надевам повторно ќе ја израдуваме Макеоднија“, додава Ристовски.