Сантос пред Македонија: Ќе биде тешко против тим кој ја елиминираше Италија

Португалскиот селектор Фернандо Сантош посочи после победата на европскиот првак од 2016 година против Турција, дека уште потежок меч ги чека „европските Бразилци“ против Македонија во вторник во финалето за мундијалската виза во Катар.

Португалија со 3-1 ја победи Турција, но Турците седум минути пред крајот промашија пенал за продолженија и тоа после водство на Португалците од 2-0 по првиот дел.

„Првиот меч го победивме, сега мора да победиме и на следниот, а тој ќе биде многу комплициран. Финалињата секогаш се компликувани. Со Македонија ќе биде уште потешко и покомпликувано“, рече Сантош

Треба да знаете
Последни објави