Спотифај“ откри дека минатата година платил 7 милијарди долари на носителите на права на музичката индустрија, што претставува речиси 25% од вкупните приходи на индустријата.
Веста се појави на веб-страницата Loud And Clear, која компанијата ја отвори минатата година со цел да ја зголеми транспарентноста околу своите плаќања.
Стриминг-гигантот тврди дека 52,600 уметници заработиле повеќе од 10,000 долари од „Спотифај“ во 2021 година.
Од нив, на 130 им биле исплатени над 5 милиони долари во последните 12 месеци.
„Спотифај“ не именува ниту еден од овие изведувачи, но познато е дека најстримувани минатата година беа Бед Бани, Тејлор Свифт, „БТС“, Дрејк и Џастин Бибер, додека најстримувана песна беше Drivers License на Оливија Родриго.