Александар Трајковски беше херојот на македонската репрезентација во вчерашниот натпревар во Палермо.
Дефинитивно изминатата вечер за Трајковски беше една од најубавите во неговиот живот. Искусниот напаѓач денес, една ноќ по натпреварот порача дека се уште не се свесни што се случи.„Уште не сме свесни што се случи вчера. Среќен сум затоа што ова го заслуживме и ние и цела Македонија. Нема да застанеме тука, веруваме во себе. Не чека уште една борба за историски пласман“.
„Очекував дека ќе има продолженија, но кога видов дека топката доаѓа кон мене шутирав со последни сили. Целиот фокус го ставив на тој последен шут, како да беше суден јас да постигнам гол на стадионот каде што поминав четири убави години“.
„Сега треба да се одмориме, а потоа да се подготвиме за Португалија. Ќе играме против репрезентација со многу индивидуални квалитети, но спремни сме и веруваме дкеа можеме да истрчаме на терени да докажеме дека можеме да се надигруваме“, изјави Трајковски.
Натпреварот против Португалија го играме во вторник од 20:45 часот