Адеми и Николов не се повредени, Елмас се враќа за финалето за СП 2022!

Македонија во финалето против Португалија ќе биде засилена со присуството на главниот играч Ељиф Елмас, како и Тихомир Костадинов, кои се враќаат од суспензијата. Поради жолти картони ја скокнаа Италија, но ќе бидат тука во мечот за историја.

Информацијата ја потврди селекторот Благоја Милевски, истовремено ги коментираше и замените кои ги направи кога се работи за Аријан Адеми и Бобан Николов.

„Костадинов и Елмас ќе ја зголемат конкуренцијата во нашиот тим во финалниот меч. Адеми и Николов не се повредени, многу се потрошија, а Аријан доаѓа од повреда и калкулирана беше таа замена“, изјави Милевски на пресот.

Македонија оди на мегдан против Португалија во вторник, а мечот е закажан во Порто. Победникот патува на СП 2022 во Катар.

Треба да знаете
Последни објави