Брачен пар од Свонси, Америка, застанал со автомобилот до тоалет на бензинска пумпа и освоиле 200.000 долари.
Додека ја чекал сопругата, мажот влегол во продавницата и решил да купи грепка, која му донела добивка од 200.000 долари.
Инаку, ливчето што го изгребал чинело пет долари.
„Не знаевме што да мислиме. Беше големо изненадување“, рекол сопругот кога го видел шестцифрениот број на грепката.
Парот истакна дека се уште не одлучиле како ќе ги потрошат добиените пари.